Ременски: До крајот на неделата ќе се спроведе загревање во бегалските кампови (видео)

Сподели со своите пријатели

Актуелниот министер за труд и социјална политика, Фросина Ременски денеска при работната посета во Куманово изјави дека до крајот на неделата се очекува транзитниот центар за бегалци на Табановце да добие затоплување.

Ременски најпрвин истакна дека голема е иронијата да се зборува за грижата на бегалците од медиуми кои до вчера ги третираа како терористи, а притоа да велат дека Ременски не води грижа за бегалците.

Министерката истакна дека претходниот министер од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Диме Спасов на 30-ти минатиот месец потпишал договор со ЕВН за донесување трафостаница во бегалските кампови на Вино Југ во Гевгелија и Табановце во Куманово.

Премрежување на струјата, односно донесување струја до камповите и шаторите, односно до сите објекти на вино југ и табановце е обврска на фирма која што е избрана пред една недела. Тоа бара време и грижлив пристап заради чувствителноста на самата работа, но и заради админситративната процедура која има законска рамка и која мора да се почитува – изјави Ременски.

Таа нагласи дека не е доволно Владата само да донесе одлука за прогласување вонредна состојба на јужната и северната граница во делот на бегалските кампови, туку навреме да пристапи кон спроведување на сите задолженија кои ги зеле за обврска надлежните иснтитуции, меѓу кои и Министерството за труд и социјална политика.

Фактот дека многу од договорите се склучени во време на овој министер и фаткот дека многу од постапките за определување на субјектите кои ќе работат на подготовка на овие услови се направени пред 10 дена зборува за комплетната негрижа на претходниот министер во организација на овие прашања во пресрет на зимските услови во кои сега живееме – додава министерката Фросина Ременски.

Министерката вети дека трајната струја и загревањето на камповите ќе се обезбеди во првиот момент кога ќе се направи приклучокот на камповите на трафовите кои ги има поставено ЕВН, а тоа, како што додаде таа, се очекува да биде денеска и најдоцна до крајот на неделата.