РЕКОРДРЕД: 192 пати паднал на возачкиот испит

Сподели со своите пријатели

Маж, кој очигледно навистина сакал да дојде до возачка дозвола, досега потрошил повеќе од 1.300 евра на неговиите „паѓања“.

Loading...

Но, тој се пријавил и на 193-ти теоретски испит. Кој знае, можеби кога ќе го помине тој дел, ќе се истакне на возачкиот тест.

Без откажување. Ова е очигледна мантра на 50-годишен маж од Полска кој полага теоретски дел од возачки тест веќе 17 години и не успева да го положи.

И така веќе 192 пати.

 

 

Последен пат го паднал испитот на почетокот на месецот, а сето ова се случува во Пјотрков Трибуналски, мало гратче во близина на Лоџа.

Loading...

Мажот кој очигледно многу сака да дојде до возачка дозвола се пријавил и за полагање по 193ти пат.

– Сите сакаме да го положи теоретскиот испит. Можеби, кога ќе го помине тоа, возачкиот дел ќе помине од првиот обид – рече Дариуш Мишалт од локалниот центар за безбедно возење за ТВП.

Кога започнал со паѓањата, овој несуден возач имал 33 години и правилата се смениле, но не и несреќите.

Тој досега потрошил околу 1.300 евра на теоретски испити. Патем, статистиките од Пјотрков покажуваат дека ова е еден од најдобрите центри во Полска, каде повеќе од 70 проценти од испитаниците го полагаат од прв пат.

 

 

– Можеби би било добро да има правило во Полска што ќе забрани кандидат да полага испит повеќе од 20 или 30 пати. Ако некој не ги знае правилата или не сака да ги совлада, тогаш не треба да бидат ни на патот. Таквиот возач може да биде опасност и за другите – рече инструкторот Станислав Кобусиевич.

Loading...

Патем, ХАК Ревија пишува дека теоретскиот испит во Полска во моментов има 32 прашања за кои се поделени од 1 до 3 поени.

Максималниот број на поени е 74, а потребни се 68 за да се помине, што не остава многу простор за грешки.

Leave a Reply