Рекорден извоз на кубанските цигари благодарение на Кинезите

Сподели со своите пријатели

Продажбата на кубанските цигари пораснала за 12 отсто во 2017. година и достигнала рекордни 500 милиони долари, потикната од тоа што Кина го стимулира увозот на луксузни производи.

Од вкупниот извоз на кубанските цигари 54 отсто заминале во Европа, следува Латинска Америка со 17 отсто и регионот на Азија и Пацификот со 15.

Продажбата во Кина пораснала за 24 отсто и тоа е потенцијал за најголем раст. Кина се сместува во трет ранг потрошувачи зад Франција и Шпанија.

– Кина има побарувачка на која треба да одговориме и можеме да сметаме на двоцифрен пораст на продажбата во годините кои доаѓаат, оценил Хосе Мариа Лопез Инчаурбе, потпретседател на компанијата „Хабанос“ на прес конференцијата во главниот град во Куба.

 

Loading...

 

Тој рекол дека продажбата на цигари влијаела на порастот од пет осто на пазарот на луксузни производи во 2017. година и очекува дека на производството годинава нема да влијае ураганот „Ирма“ кој минатиот септември ја погоди државата.

Домашниот кубански пазар за кубански цигари исто така е зајакнат, благодарение на 4,5 милиони тористи во изминатата година.

Компанијата изезува за поголемиот дел од светот, но американскиот пазар и натаму им останува затворен поради ембаргото на САД од 1962. година кое се уште трае.

Leave a Reply