Референт од Агенцијата за катастар во Куманово заработи две кривични пријави

Сподели со своите пријатели

Педесет и четири годишниот И.А. од Куманово, вработен како самостоен референт во Агенцијата за катастар на наедвижности во Куманово, заработи две кривични пријави поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на службената положба и овластување“ и „фалсификување службена исправа“.

Имено, во март 2012 година, во два наврати, пријавениот со цел да се стекне со противправна имотна корист на лице од Куманово за две катастарски парцели, со неутврдено право на сопственост, без никаков правен основ, внел невистинити податоци, ги заверил со свој потпис и ги внел во електронскиот систем на Агенцијата за катастар на име на лицето од Куманово.

Кривичната пријава е поднесена од страна на Секторот за внатрешни работи Куманово.