Референт на ПИОМ од Куманово заработи кривична пријава

Сподели со своите пријатели

Секторот за внатрешни работи Куманово поднесе кривична пријава против В.Л.(55) од Куманово референт во ПИОМ- Филијала Куманово поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на службена положба и овластување“ и „фалсификување исправа“, информираат од Министерството за внатрешни работи.

На 22.03.2016 година, пријавената на бланко документи за потрошувачки кредит се потпишала на местото управител и овластен сметководител по што со службен печат на Фондот го заверила документот, а потоа во Уни Банка Куманово го приложила врз основа на кој и бил одобрен кредит во износ од 60.000 денари.