Реакцијата на водителот за време на силниот земјотрес во Мелбурн за која сите зборуваат (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Мелбурн беше погоден од силен земјотрес во моментот кога новинарот на утринската програма имаше гостин во студиото

Loading...

Земјотрес со јачина од 6 степени според Рихтеровата скала, еден од најсилните во Австралија, го погоди југоистокот на земјата, а неколку згради во Мелбурн биле оштетени.

Иако ова е еден од најсилните земјотреси во Австралија во последните години, граѓаните многу повеќе зборуваат за реакцијата на водителот на утринската програма, кој кога  почна се да се тресе, имаше гостин во студиото. На изненадување на сите, кога се почна да се тресе околу него, водителот остана  смирен.

Водителот  направил пауза со зборување и со мирен глас прашал: „Дали ова беше земјотрес или се случи нешто во зградата?“. После тоа, тој ги советуваше сите мирно да се евакуираат

 

 

Неговата реакција воодушеви многумина.

Loading...

„Секој чест “, „Браво, каква моќна реакција од Мичел“, имаше коментари на социјалните мрежи.

Епицентарот на земјотресот бил во Менсфилд, околу 200 километри североисточно од Мелбурн, главниот град на сојузната држава Викторија, и бил на длабочина од 10 километри, наведува Ројтерс.