Реакција од КК „Куманово 2009“: Пред и околу салата беше хаос

Сподели со своите пријатели

Вчера во Гевгелија се оддржаа неколку натпревари во кошарка во Купот на Македонија, во организација на КК „Кожув„ од Гевгелија и Кошаркаска федерација на Македонија.

Во салата беше се во ред, меѓутоа пред и околу салата беше хаос.

„Ако си од Куманово неможеш на да влезеш.„- со овие зборови од страна на обезбедувањето и спроведувачите на редот  беа дочекани љубителите на кошарката кои дојдоа од Куманово.

Луѓето кои уредно купиле билети за натпреватрите, без навивачки обележја (бидејќи од организаторот беше кажано дека нема да ги прими навивачките групи) стоеја пред врата и им беа барани лични карти.

Прашуваме дали тие луѓе се со понизок статус? Дали за Кумановци треба виза? Дали нивниот град е во Македонија и зошто впрочем се игра кошарка во оваа земја?Дали таа се игра за фукционерите или за оние кои навистина се љубители на овој спорт?

Пример во Куманово таа се игра за луѓето кој ја сакаат кошарката и за навивачите, но во неки клубови очигледно не е така.

Од сетоа оваа, испраќаме реакција до сите надлежни институации, а посебно до луѓето од МКФ кои вчера и покрај нашите реакции остана неми на сите овие случувања. Бараме да ја исправаат оваа грешка и да се извинат за дискриминаторскиот и понижувашкиот однос кон сите љубители и навивачи кои вчера останаа пред спортската сала.

Меѓу нив беа и членовите на управа од Куманово и градоначалникот на Куманово кои  вчера влегоа на „тајни“ влезови.

На  сите наши љубители на кошарката и грѓаните на Куманово, на кои сме горди што не поддржуваат и бодрат во сите овие натпревари, им ветуваме дека со сите сили ќе се бориме да застанеме на крајот на дискриминацијата и понижувачкиот однос кон нив.

Поради тоа денеска управниот одбор на КК „Куманово 2009„ ќе расправа и ќе ја разгледа ваквата ситуиација која во одредени спортски сали е „мода“. Исто така  ќе размисли за понатамошно учество во Купот на Македонија и Супер Лигата.

Ја осудуваме ваквата состојба и односот кон љубителите и навивачите на кошарката од Куманово. Им се  извинуваме на сите кумнаовци кои вчера добија забрана натпреварот да го следат од трибините.

КК „Куманово 2009„