Реакција на група скопјани откако ќе ги послужи дечко заразен со ХИВ (видео)

Сподели со своите пријатели

Поради стравот од предрасуди, во Македонија ниту едно лице со ХИВ не го споделува јавно својот статус. Здружението за поддршка на лица со ХИВ, Заедно Посилни, одлучи да истражи колку од овој страв е основан. Не преку формално истражување, туку преку метода која би била видлива за целата јавност – социјален експеримент.

Loading...

Ги ставивме луѓето во Градски Парк во ситуација во која мислат дека имаат физички контакт со лице со ХИВ – млад дечко кој послужува кафе носеше маичка на која стои „Јас сум ХИВ позитивен“. Уште повеќе, вклучивме и учесничка која глуми дека е дел од редицата која чека кафе и потенцира дека лице со ХИВ служи пијалаци. Прашањето кое сакавме да го одговориме: Како ќе реагираат учесниците во ваква ситуација? На наше големо задоволство, учесниците во целост го поддржаа нашиот шанкер и го одбранија од нападите упатени од глумицата, потенцирајќи дека ХИВ не се пренесува така и апелирајќи против предрасуди.

Сите учесници во експериментот се случајни минувачи