Расте бројот на жртвите во нападите во Могадишу

Сподели со своите пријатели

Бројот на лицата кои загинаа во двојниот напад со автомобили бомби во главниот град на Сомалија, Могадишу, се зголеми на 45 жртви, соопштија владини претстaвници.

Експлозиите на двата автомобили се случиле во близина на претседателската палата, по што следела жестока престрелка меѓу напаѓачите и припадниците на безбедносните сили.

Исламистичката група Ал Шабаб ја презеде одговорноста за нападот./МИА


Leave a Reply