Расте бројот на жртви од лизгање на земјиштето и поплавите во Бразил

Сподели со своите пријатели

Бројот на загинати во поплавите и свлечиштата предизвикани од обилните дождови во североисточниот дел на Бразил се искачи на 121, а по три лица сѐ уште се трага, јавува Танјуг, повикувајќи се на локални медиуми.

Loading...

Според бразилскиот портал G1, а според локалните власти, повеќе од 7.300 луѓе останале без покрив над главата.

Во некои области во североисточниот дел на Бразил, во текот на викендот падна повеќе дожд отколку што се очекуваше да падне во текот на мај.

Екстремни дождови го зафатија Бразил неколку пати во последните месеци.

Во декември дождовите предизвикаа експлозија на две брани во државата Баија, при што загинаа десетици луѓе и беа поплавени цели улици.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  КАНАДА: Шестмина уапсени за најголемата кражба во историјата на земјата