Расте бројот на заразени со коронавирус во Австрија

Сподели со своите пријатели

Во изминатите 24 часа се регистрирани дури 6.869 нови случаи на зараза, како и девет починати заразени со Ковид19.

Loading...

Тоа е двојно повеќе од пред една недела и за 2.600 повеќе од вчера.

Експертите предупредија дека ќе има ново зголемување на бројот на новозаболени по привременото укинување на сите епидемиолошки мерки.

Сепак, тие предвидоа само околу 6.500 нови случаи за една недела.

Седумдневната инциденца на 100.000 жители од вчера е зголемена од 300 на 340.

Експертите очекуваат следната среда инциденцата да се зголеми од 400 на 670, што би значело 6.500 нови инфекции дневно, но не е исклучена можноста бројот на новозаразени да се зголеми на 8.500.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Што ја очекува Европа ова лето, по рекордниот топлата пролет?

Причината за значителен раст на новоинфицираните е ширењето на омикронските подсоеви BA.4 и BA.5.

Се предвидува дека овие позаразни подвидови ќе станат доминантни за една недела и дополнително ќе го забрзаат растот на бројот на новозаразени.

Loading...

Што се однесува до вакцинацијата против коронавирус, интересот е значително намален, а на пример, во вторник се спроведени 2.648 вакцини, од кои 120 први дози, 248 втори и 2.280 дополнителни дози.

Според Министерството за здравство во Австрија, досега најмалку една вакцина примиле 6.830.169 лица.

Од тој број, валидна заштита имаат 5.660.919, или 63 отсто од населението на Австрија.