Расте бројот на заболени од респираторни болести во Куманово

Сподели со своите пријатели

Расте бројот на хоспитализирани пациенти заболени од респираторни заболувања, информираа денеска, лекарите од инфективното одделение од кумановската општа болница.

Loading...

Според надлежните од ова одделение бројката на пациенти кои бараат помош поради вакви заболувања   почнала да се зголемува од почетокот на декември.

-Пациентите се жалат на проблеми предизвикани од респираторни заболувања, пред се на бронхитис и воспаление на белите дробови. Имаме пациенти кои почнуваат со вирусно заболување, се накалемува бактериска инфекција и завршуваат кај нас-изјави доктор примариус Сунчица Јосифова, началник на инфективното одделение во кумановската општа болница.

Таа појаснува дека поради временските прилики и аерозагадувањето се очекува да се зголеми бројот на пациенти во понатамошниот период. Граѓаните треба да внивамаат на исхраната, да внесуваат течности, да консумираат овошје и зеленчук и по можност да престојуваат надвор на отворено, но не во градска средина. Јосифова препорачува редовно одржување на хигиено-диететски режим.

Од инфективното одделение уверуваат дека се подготвени да прифатат и поголем број на пациенти.

Во моментов хоспитализирани се седумнаесет пациенти, меѓу нив шест заболени од заразна жолтица, пациенти кои гравитираат од подрачјето на општините Крива Паланка и Ранковце.

Loading...

Leave a Reply