Расте бројот на фалсификувани ковид сертификати во Германија

Сподели со своите пријатели

Според податоците на министерствата за внатрешни работи на германските провинции, во земјата се откриени повеќе од 20.000 фалсификувани Ковид пропусници, а на тоа треба да се додадат и неоткриени случаи.

Loading...

Бројот на фалсификати продолжува да расте, а полицијата во провинцијата Берлин проценува дека е невозможно да се направи сериозна проценка на реалниот број на фалсификувани пропусници во оптек.

Уште во ноември, под притисок на покраинските министри за правда, Бундестагот усвои законска измена со која се третира фалсификувањето на Ковид пропусници на ист начин како и фалсификувањето на кој било друг здравствен документ.

Пред неколку дена полицијата изврши претрес на повеќе од сто станови во неколку провинции.

Акцијата е поврзана со случајот на лекар во Баварија кој издавал пропусници на пациенти без претходно да бидат вакцинирани.

Измамите најмногу се откриваат во аптеките каде граѓаните можат да ги дигитализираат своите потврди за вакцинација на хартија за да ги користат во мобилните телефони.

„Аптеките секојдневно откриваат фалсификувани ковид пропусници кога се обидуваат да ги дигитализираат“, соопшти канцеларијата за борба против криминалот на покраината Баден-Виртемберг.

 Фалсификуваните пропусници се пријавуваат и од работодавците.

Loading...

Според берлинската полиција, лажните Ковид пропусници и книшките за вакцинација се нудат преку комуникациски платформи како што е Телеграм, па дури и преку веб-страници за продажба, како што е eBay.

Цените се движат од 50 до 350 евра, а дигиталните пропусници се поскапи од оние на хартија.