Растат тензиите меѓу Британија и Франција

Сподели со своите пријатели

Францускиот претседател Емануел Макрон во еден од неговите приватни разговори го нарече премиерот на Обединетото Кралство Борис Џонсон кловн.

Loading...

Ова го објави францускиот магазин Le Canard enchaine.

Макрон се пожалил на однесувањето на Џонсон откако лидерите разговарале по телефон по потонувањето на бродот за бегалци минатата среда во Ла Манш.

Францускиот претседател се налутил затоа што Џонсон на Твитер објавил писмо во кое презентира план од пет точки за решавање на прашањето за преминување на каналот.

„Имавме многу сериозен разговор пред неколку дена. Изненаден сум од несериозните методи на работа. Лидерите не треба да комуницираат вака и да не објавуваат твитови и писма кои се од приватна природа“, изјави Макрон за медиумите по разговорот со Џонсон.

Сепак, Le Canard enchaine известува дека претседателот бил уште побрутален во приватните разговори:

„Бо Џо зборува со мене сосема нормално, разговараме како возрасни, а потоа подоцна ни задава проблеми на многу грд начин. Секогаш е истиот циркус“.

Понатаму се наведува дека Макрон им рекол на своите советници: „Тажно е да се види како голема земја со која би можеле многу да направиме ја води кловн“.

Loading...

Да потсетиме, француската амбасадорка во Велика Британија, Силви Берман, за радиото Тајмс изјави дека односите меѓу Франција и Британија „не биле толку лоши уште од Ватерло“.

Освен тоа, Макрон неколку пати јавно кажа дека не е воодушевен од начинот на кој Џонсон ја води земјата.