Распишани локланите избори, нови градоначалници ќе бираме на 15 октомври

Сподели со своите пријатели

Претседателот на Собранието на Република Македонија, Талат Џафери денеска го потпиша решението со кое се распишуваат локалните избори за избор на советниците на општините и советници на градот Скопје, како и за градоначалници.

Според законските определби, изборите ќе се одржат на 15 октомвтри. Изборите ги распишува претседателот на Собранието и истиот оваа решение ќе треба да го достави до Државната изборна комисија.

Џафери апелираше до сите учесници во процесот да се однесуваат според уставот и законите, а со тоа да се овозможи фер изборен процес.

Изборната кампањата стартува 20 дена пред изборите, а во тој период нема да има седници на Владата и Собранието, со цел пратениците да се посветат на изборните кампањи, рече Талат Џафери.

 

Loading...