Распишана јавна набавка за реконструкција на кумановскиот театар

Сподели со своите пријатели

Распишана е јавната набавка за првата реконструкција на кумановскиот театар, соопштија денеска надлежните од НУЦК „Трајко Прокопиев“ Куманово.

Loading...

Надлежните очекуваат градежните активности да почнат наскоро, по изборот на компанијата и по завршување на процедурите, жалбените постапки.

– Јавната набавка е распишана во петокот за реконструкција и адаптација на кумановскиот театар. Обезбедени се 10 милиони денари од Министерството за култура за првата фаза. Очекуваме да се јават заинтересирани компании кои конечно ќе го направат театар Куманово убаво место за сите нас и за кумановци, изјави директорот на НУЦК, Сашо Тодоровски

Во меѓувреме распишан е и тендерот за избор на компанија која ќе го спроведува надзорот. Во првата фаза се очекува да се направат и сеизмички испитувања, да се увиди стабилноста на објектот, да се завршат крупните активности.

– Од Министерството ни најавија дека доколку се заврши проектот, идната година би можело да се обезбедат дополнителни средства за финална реконструкција, со цел да се добие модерен и функционален театар, доколку не наидеме на проблеми, имаме и геомеханички испитувања, бидејќи зградата е сместена помеѓу две училишта, рече Тодоровски.

Зградата е стара, меѓутоа според архитектите не би требало да има исклучителни отстапувања. Предвидено е и приклучување на објектот на гасификациската мрежа.

Leave a Reply