Расел ќе го замени Хамилтон во Мерцедес на трката за ГН на Сахир

Сподели со своите пријатели

Возачот на Вилијамс, Џорџ Расел, ќе вози за Мерцедес на трката за Големата награда на Сахир во Бахреин.

Loading...

Расел ќе го замени седумкратниот светски шампион Луис Хамилтон, кој е позитивен на коронавирус.

Трката ќе се вози в недела на 6 декември.

Расел од 2016 до 2018 година беше дел од програмата на Мерцедес за млади возачи. 

Зоран Стерјовски

Leave a Reply