Раководителот на Секторот за катастар од Куманово заработи кривична пријава за несовесно работење

Сподели со своите пријатели

Секторот за внатрешни работи – Куманово поднесе кривична пријава против Д.Ј.(34) од Куманово-раководител на Одделението за катастар на недвижности во Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „несовесно работење во службата“, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Пријавениот во периодот од 2011 до 2013 година, како службено лице пропуштил да изврши должен надзор над работата на вработените И.А. и З.В., двајцата самостојни референти-геодети во Катастарот кои иако не биле овластени отвориле вкупно 25 предмети за наводна исправка на техничка грешка и извршиле незаконска промена на сопственоста на вкупно 75 катастарски парцели од кои шест биле во сопственост на Р. Македонија, а останатите со неутврдено право на сопственост.

Врз основа на ова, новите незаконски сопственици извршиле сеча на шумскиот фонд во вкупна количина од 2.694,8 м3 со што предизвикале штета во износ од 19.339.600 денари.