Ракометарките подготвени за поход во Полска (фото)

Сподели со своите пријатели

Избраничките на тренерот Синиша Арсовски вчера пристигнаа во Лублин, Полска и веднаш се во карантин за да можат нашата држава, општина и клубот да го прикажат во што е можно подобро издание на денешниот меч кој од 18 часот се игра против составот на МКС Селгрос Лублин во рамките на ЕХФ Челинџ Купот.

Првиот тренер на екипата Ивановски во последен момент не беше во можност да отпатува поради здравствени причини, но сепак благодарение на членот на управата Филип Додевски во последен момент пристигна тренерот Синиша Арсовско во Полска со сопствена режија.

Кај ракометарките владее оптимизам и опуштена атмосфера, а како што велат од клубот се зависи од играта на Пеовска и Боризовска.