Ракометарките од ООУ „Браќа Миладиновци“ на прием кај градоначалникот (фото+видео)

Сподели со своите пријатели

Ученичките од Општинското освноно училиште „Браќа Миладонивци“ кои пред три недели станаа државни прваци во женски ракомет денес беа на прием кај градоначалникот на Општина Куманово Зоран Дамјановски кој лично им честиташе на постигнатите успеси.

Тие во завршницата, каде што силите ги одмерија шест најдобри училишни екипи во земјава од: Скопје, Битола, Куманово, Делчево, Ресен и од градот – домаќин Демир Хисар, покажаа најдобар успех и со четири победи во низа го освоија златниот медал на првенството.

Денеска ми е чест да ги примам овие млади шампионки кои успееа на републичкото првенство да освојат прво место во женски ракомет на основни училишта. Имаме НВП играч, Кипријановска која е најдобриот играч и која ја пофалија таму, а сите вие кои дадовте голем допринос, голема благодарност од граѓаните на Куманово што ни го брендирате градот и покажувате дека ова е спортски град. Мислам дека треба да продолжите така и да се вклучите во редовните тринажни процеси, во екипите. Ние ќе се трудиме да помагаме знам дека немаме доволно можности сите спортови да ги форсираме, но женскиот ракомет има некоја традиција во Куманово – рече Зоран Дамјановски, градоначалник на Општина Куманово.

Loading...

 

Дамјановски најави и изградба на спортски терен за училиштето „Браќа Миладиновци“ кое би можело да следува во следниот период, а истакна дека ќе се прават и напори спортската сала на оваа училиште да биде реконструирана.

Во името на младите ракометарки и во името на училиштето, нивниот наставник и тренер Миле Јордановски упати благодарност на локалната власт која е финансиски спонзор на самата екипа.

За нас е голема чест и задоволство ова заедно да го споделиме, оваа радост, овие резултати кои ги направи училиштето и нормално општината – рече Јордановски.

 

Ученичката и ракометарка Јована Кипријановска е најдобриот играч на тимот кој на еден од клучните натпревари даде се од себе и во последен момент го наполни голот на противникот и издејствува победа.

Првиот ден ни се паднаа екипите кои на некој начин беа полесни да ги совладаме и ги добивме со голем разлика и ги победивме, но наредниот ден имаме една од најтешките утакмици на тоа првенство со екипата од Струга која ја победивме на продолжетоци со еден разлика и последниот ден игравме со Скопје кои уште на почетокот ги поведовме со пет разлика и на крајот завршивме со победа – рече Кипријановска.

 

Таа веќе пет години активно тренира ракомет во рамките на ЖРК Куманово, а веќе на последните натпревари активно игра во првиот состав на клубот.

Уште од почетокот на првиот натпревар на општинско во Куманово знаев дека ќе стигнеме до државното, бидејќи нашиот тим беше половина од тимот на ЖРК и беше спремен за секаков натпревар – изјави Наталија Даревска, која тренира кошарка, а со ракомет се занимава само рекреативно.

 

Loading...

Ракометарките не планираат да застанат на оваа победа, туку своите способности ќе ги докажуваат и понатаму во натпреварувањата.