Ракометарките на средба со претседателот на Советот на општината

Сподели со своите пријатели

Ракометарките на Куманово денеска се сретнаа со претседателот на Советот на општината, Александар Арсиќ кого го запознаа со своите минатогодишни успеси, но и упатија барања претстојната сезона да ги добијат ветените средства кои се уште не им се исплатени.

Локалната самоуправа одделува вкупно 18 милиони денари од својот Буџет за поддршка на спортските клубови, но само 10 милиони одат за професионалните спортови, меѓу кои и кошарката и ракометот. Нерманомерната распределба е најгорчливиот проблем за клубовите. Според управата на ЖРК Куманово, ветените финансиски средства како поддршка од минатата сезона се уште не ги добиле, па затоа денеска остварија средба со претседателот на советот.

Денеска остваривме средба со претседателот на советот, Алексадар Арсиќ. Очекувам она што е ветено да се исполни во наредната сезона, она што е ветено во претходната сезона да се исполни, бидејќи навистина остварувавме добри резултати на домашна сцена. Оваа година очекувам да завршиме на второто место, веднаш зад екипата на Вардар, кој лани беше вицешампион на Европа и следната сезона очекуваме играње во ЕХФ купот, односно погоре на европската сцена – изјави Филип Додевски, член на Управниот одбор на ЖРК Куманово.

Loading...

 

Според Додевски еден од најголемите проблеми на клубот се финансиите, кои се неопходни првин да се задржи ростерот од минатата година, па потоа да се размислува и за можно засилување.

Според претседателот Арсиќ еден од проблемите се и лошите услови за тренинг во спортските сали кои концесионерите не ги одржуваат.

Поразговаравме за неколку работи, односно за спортските сали кои беа дадени уште 2000 година под концесија, кои се на по 30-годишно владеење, меѓутоа салите на многу лош начин беа одржувани, така да сите спортски клубови имаат проблеми во своето работење, односно во тренирање и достигнувањето на резултатите. Следното што беше потенцирано е прераспределбата на средствата односно средствата на кој начин се прераспределуваат, така да одреден број на клубови доаѓаат во ситуација да имаат минимален број на средства недеоволни за нивното функционирање. Поразговаравме за тоа на тој начин што или средствата од натамошната година да бидат прераспределени на друг начин или да бидат појачани од страна на општината, меѓутоа и самите претседатели кои се во управите ќе мора поенергично во соработка со општината да функционираат, односно да наоѓаме спорнзори се со цел за да имаме што подобар успех во резултатите – изјави Арсиќ.

Ракометарките изминатата сезона имаа брилијатни успеси. Покрај учеството на ЕХФ Челинџ Купот, завршија како третопозиционирани на табелата во домашниот шампионат.

Имавме добра сезона минатата година, се надеваме на уште подобри успеси оваа сезона бидејќи почнавме со припреми,ќе одиме во Крушево на припреми, ќе се спремиме добро па се надеваме и на добри резултати. Полската екипа е навистина добар противник, ќе играме вистински ракомет, па ќе се надеваме и на победа. Бевме веднаш зад Вардар и Металург, имавме навистина добри натпревари, победа на Металург во гости што беше навистина добар знак дека оваа сезона ќе биде уште подобра – изјави Бранкица Марковиќ, ракометарка.

Освен за ракометарките, поголема финансиска поддршка Арсиќ најави и за машкиот ракометен тим, Женскиот фудбалски клуб Речица, но и за кумановските боксери.