Ракометарките на Куманово убедливо го совладаа Спартак

Сподели со своите пријатели

Ракометарките на Куманово успешно ги нижат победите во Женската ракометна лига на Македонија. Вчера на гостински терен со резлтат 16:29 го совладаа составот на Спартак во рамките на 5. коло.

Кумановки уште од самиот старт прикажаа убедлива игра и желба за нова победа. Апсолутната доминација им одеше од рака па првиот дел од средбата го завршија со резултат 9:13.

Второто полувреме избраничките на тренерот Зоран Јосимовски продолжија со уште посилна игра, па веќе во првите минути по паузата беше јасно дека Спартак нема да има шанса за пресврт во резултатот.

Со убедлива победа од 16:29 ракометарките на Куманово впишаа нови три бода во табелата и моментално ги делат само два од првата позиција каде се наоѓа составот на Металург.

Со девет погодоци брилијантна игра како и секогаш прикажа Мила Трајковиќ, седум реализираше Александра Боризовска, а со еден гол помалку мечот го заврши и Викторија Пеовска.

Најефикасна во составот на Спартак беше Тамара Србиновска со четири реализирани погодоци.

Следниот меч ЖРК Куманово повторно го игра на гостински терен против составот на Стружанка.

Leave a Reply