Ракометарките на Куманово совладани од Вардар Јуниор

Сподели со своите пријатели

Ракометарките на Куманово забележаа пораз на вчерашниот натпревар против составот на Вардар Јуниор, откако скопската екипа целите 60 минути од средбата беше во предност пред гостинките.

Двата тима започнаа избалансирана игра со желба за победа, меѓутоа Вардар успеа да поведе прв и голот предност го сочува во првата минута од средбата.

Првите десет минути се играше гол за гол што го покажа и резултатот 4:4. Единаесетата минута од мечот, ракометарките на ЖРК Куманово поведоа со резултат 5:4, меѓутоа Вардар успеа да ја консолидира одбраната па следуваа неколку минути во кои не примија ниту еден гол, а уфрлија четири нови во гостинскиот со што за прв пат на натпреварот направија поголемо водство, односно резултат 8:5.

Предноста од три гола, вардарки ја чуваа. Иако кумановки се обидуваа да ја намалат негативата во резултатот, Вардар враќаше на секој нивен гол, па на полувреме се замина со резултат 15:11, односно четири голови предност за составот на Вардар Јуниор.

Второто полувреме донесе мало намалување на негативата од страна на ЖРК Куманово, а веќе во 41. Минута од средбата дојдоа до резултат 18:17. Вардарки се вратија на позитива од три поени, но неколку грешки во нападот ги искористија ракометарките на Куманово да дојдат до резултат 22:22, односно израмнување во 48. минута. Тука не ја искористија шансата да поведат, па домашните ракометарки направија предност и мечот го завршија со резултат 29:26 и впишаа три нови бодови во табелата.

Во составот на ЖРК Куманово најефикасна беше голманката со реализирани 14 одбрани, додека со најголем број постигнати голови е капитенот на екипата Викторија Пеовска. Кај Вардар Јуниор со 10 голови најефикасна беше Гичевска.

Следниот натпревар ракометарките на Куманово го играат на домашен терен во сабота со почеток во 18:15 часот против екипата на ЖРК Металург од Скопје.