Ракометарките на Куманово совладани од Пелистер

Сподели со своите пријатели

Ракометарките на Куманово претрпеа пораз во 13. коло од женскиот шампионат на Македонија, откако на гостински терен вчера Пелистер ги надигра со 25:22.

Со 6:2 на почетокот од средбата битолчанки поведоа пред ракометарките на Куманово, меѓутоа битката за победа се водеше до самиот крај. На полувреме се замина со еден гол негатива за кумановки, односно  резултат 11:10.

Вториот дел од средбата беше неизвесен со пресврти во резултатот, но се до последните 10 минути од играта, каде Пелистер направи серија од 7:2 и впиша победа.

Со шест поени Ана Шарановиќ беше најефикасна од редовите на Куманово, додека останатите ракометарки имаат по две до три реализации.

Во составот на Пелистер со осум голови најефикасна е Ангела Јанкуловска.

Со оваа победа Пелистер му овозможи на Метарлуг да ја задржи лидерската позиција во табелата, додека Куманово останува второпозициониран со два бода помалку.

Следниот натпревар кумановки го играат за две недели против составот на Спартак.

Leave a Reply