Ракометарките на Куманово од паркет, тренинзите ги преселија на интернет

Сподели со своите пријатели

Во домашни услови и на онлајн платформа, избраничките на тренерот Ненад Краљевски ја одржуваат кондицијата, додека се во исчекување дали ќе продолжи овогодинешната ракометна сезона.

Loading...

Засега Ракометната федерарација на Северна Македонија ги одложи сите натпревари на неопределено време. За тоа дали воопшто ќе продолжи сезоната, се уште нема донесена одлука.

Во случај да се стави крај на сезоната има две сценарија. Или целосно ќе биде поништена или за победник ќе се смета прворангираната екипа во табелата, а тоа е тимот на ЖРК Куманово.

Никола Ивановски

Leave a Reply