Ракометарите на Куманово утре против Прилеп

Сподели со своите пријатели

Ракометарите на Куманово утре со почеток во 19 часот на гостински терен ќе ги одмерат силите со екипата на Прилеп во рамките на 8то коло од Првата машка ракометна лига.

Loading...

Кумановци засега добро котираат во табелата, каде се на високот трето место во својата прва група, а токму Прилеп е на второто со еден бод повеќе.

Утрешниот меч претставува вистинско дерби, а победата за Куманово ќе значи искачување на второто место во табелата и голем успех во споредба со минатогодишната сезона.

Leave a Reply