Ракометарите на Куманово утре против Македонија Ѓ.П.

Сподели со своите пријатели

Ракометарите на Куманово утре со почеток во 18 часот на домашен терен го играат натпреварот од 6то коло од домашниот шампионат, а за противник го имаат составот на Македонија Ѓ.П.

Loading...

Кумановци влегуваат како фаворити во мечот со кој се очекува да ја впишат третата победа од почетокот на наптреварувањата во Првата лига оваа сезона.

Досега МРК Куманово има одиграно пет натпревари, од кои со две победи, две нерешени средби и само еден пораз. Тоа моментално ги смести на четвртото место во табелата.

Натпреварот Куманово: Македонија Ѓ.П. ќе се одигра во спортската сала на СОУ „Перо Наков“, а публиката ќе може да го проследи со почитување на сите ковид протоколи активни за спортски настани во затворен простор.

Никола Ивановски