Ракометарите на Куманово со победа над РК Вардар Неготино

Сподели со своите пријатели

Ракометарите на Куманово викендов запишаа победа во натпреварот против Вардар Неготино, откако на домашен терен триумфираа со 35:26.

Loading...

Кумановци бркаа разлика во текот на првото полувреме со противникот, за што зборува и резултатот на полувреме, кога на пауза се замина со само еден гол разлика, односно резултат 19:18.

Во вториот дел од средбата Куманово покажа подобра игра и заслужено впиша победа.

Најефикасен во составот на Куманово, а воедно и поентер на средбата беше Влатко Тасевски со 11 постигнати погодоци, додека во составот на гостинската екипа со 7 голови најефикасен беше Ратко Вељанов.

Во овој момент по одиграни пет натпревари, кумановци се трети во табелата со четири победи.

Никола Ивановски

Leave a Reply