Ракометарите на Куманово поразени од Металург Јуниор

Сподели со своите пријатели

Ракометарите на Куманово претрпеа пораз Металург Јуниор во 19. коло од Првата машка ракометна лига на Македонија со резултат 40:18.

Мечот кој се одигра на гостински терен во Скопје, започна со водство на Металург Јуниор, кое и покрај напорите на кумановци константно растеше уште во првото полувреме кое заврши со негатива од 13 поени за РК Куманово, односно резултат 20:7.

Ништо ново не донесе вториот дел од средбата, бидејќи ракометарите на Куманово имаа скоро невозможна мисија да ја бркаат високата негатива од првиот дел и да се погрижат за најголемото изненадување во колото. Сепак кумановци немаа сили за такво нешто, особено ако се земе предвид дека тројца ракометари завршија со суспензии во следниот период.

Мечот заврши со конечен резултат 40:18 и голема победа за домашниот состав.

Во тимот на Куманово најефикасен со четири реализирани погодоци беше Бојан Петрушевски, а во составот на домашната екипа, со шест гола најдобар беше Нино Ѓуровски.

Leave a Reply