Ракометарите на Куманово поразени и од Астраион

Сподели со своите пријатели

Струмички Астраион вчера риумфираше среде Куманово, откако го совлада машкиот ракометен состав од градот со резултат 27:30.

Иако кумановци посакуваа конечна победа и се надеваа дека домашниот терен ќе им донесе предност, сепак потфрлија во првото полувреме кое заврши со четири голови предност за гостинскиот состав.

Второто полувреме ракометарите на Куманово имаа подобра игра, но сепак не доволно за да можат да им парираат на противниците од Струмица, па мечот заврши со конечни 27:30.

И по четири одиграни кола, МРК Куманово се уште нема реализирано победа и се наоѓа на дното од табелата во втората група.

Leave a Reply