Ракометарите на Куманово нерешено против РК Младост

Сподели со своите пријатели

Ракометарите на Куманово нерешно го завршија натпреварот против Младост од Богданци кој викендов го одиграа на домашен терен во рамките на домашното ракометно првенство.

Самиот старт на мечот најави резултатска неизвесност за што говори и крајот на првото полувреме кое заврши со резултат 10:10, а ништо понеизвесно не помина ниту второто полувреме кога и двете екипи постигнаа по девет погодоци за краен резултат на натпреварот да биде 19:19.

Екипата на Куманово постигна три погодоци од линијата за седум метри, а најуспешни во составот на Димковски се покажаа Ангеловски, Тасевски и Миладновски со по пет реализирани погодоци.

Имавме шанса да победиме, но имавме и да изгубиме, така да добро во секој случај извадивме нерешено, на наша утакмица имавме доста грешки, полуконтри промашени, зицери, нивниот голман имаше свој ден, одбрани доста топки, имаше над 15 одбрани, така да во секој случај ние сме задоволни со еден бод. Следното коло играме во Преспа, исто така тежок терен, но одиме на победа и со три бода сме на врвот на табелата, така да се ќе се бориме до крај на сезоната, оваа плусезона да ја завршиме и меѓу првите две позиции – изјави Даниел Трајчевски, ракометар на РК Куманово.

Во составот на РК Младост со седум гола најдобар беше Митко Стоилов, а со четири погодоци во листата најдобри се запиша Никола Роглев.

фото: архива