Ракометарите на Куманово нерешено против Кичево

Сподели со своите пријатели

Ракометарите на Куманово викендов на гостински терен со нерешен резултат го завршија мечот против составот на РК Кичево.

Loading...

Во текот на целиот дел од првото полувреме кумановци играа гол за гол со домаќинот, но имаа и водство кое го задржаа и кон крајот на првиот дел од средбата кој заврши со резултат 12:14.

Во вториот дел од натпреварот за нијанса подобри беа ракометарите на Кичево кои успеаја да реализираат два погодоци повеќе и мечот да заврши со нрешен резултат.

Со седум реализирани погодоци најефикасен во составот на МРК Куманово беше Влатко Тасевски, додека шест запиша Мартин Димовски, а еден помалку Виктор Петковски.

Кај домаќинот со осум погодоци најдобра игра прикажа Филип Шиклевски.

Никола Ивановски