Ракометарите на Куманово го совладаа Рудар

Сподели со своите пријатели

Ракометарките на Куманово викендов на домашен терен го совладаа составот на Рудар од Пробиштип во рамките на 24. коло од Првата ракометна лига на Македонија со резултат 26:25.

Кумановци и покрај не толку позитивните резултати сезонава, сепак не се предаваат лесно. Првиот дел од средбата беше во корист на гостите од Пробиштип кои прикажаа подобра игра од домаќинот, па на пауза заминаа со позитива од три голови.

Второто полувреме играта на кумановци се корегираше и направија пресврт во резултатот. Се бореа до самиот крај на средбата и успешно победија со резултат 26:25.

Ова е воедно седмата победа за Куманово кој моментално е на 12 позиција во табелата, а 16 пораз за ракометарите на Рудар.

Leave a Reply