Ракометарите на Куманово го совладаа РК Прилеп

Сподели со своите пријатели

Со резултат 28:24 ракометарите на Куманово супешно го совладаа составот на РК Прилеп, во мечот од 16то коло кој го играа овој викенд на домашен терен.

Loading...

Убедлива игра кумановци прикажаа уште во првиот дел од натпреварот, кога на полувреме заминаа со двојна предност пред гостинскиот состав, односно резултат 18:9.

Вториот дел од играта рутински го завршија, со 10 погодоци, а прилепчани иако се трудеа и постигнаа 3 гола повеќе не успеаја да направат пресврт во резултатот.

Со осум реализирани погодоци најефикасен во составот на Куманово беше Андреј Миладиновски, а гол помалку впиша Милош Стошиќ.

Во ростерот на Прилеп, најдобра игра прикажа Христи Бикоски со шест погодоци.

Куманово со оваа победа е на 5то место во табелата.

Никола Ивановски

Leave a Reply