Ракометарите на Куманово го пречекуваат Вардар Неготино

Сподели со своите пријатели

По седум одиграни кола ракометарите на Куманово се уште чекаат победа во Првата лига. Утре со почеток во 17:30 часот ќе се обидат да ги освојат првите бодови во табелата против составот на Вардар Неготино кого го пречекуваат на домашен терен.

Оваа сезона оди исклучително тешко за кумановскиот ракометен состав, се соочуваат и со финансиски проблеми, па дел од оние играчи кои беа столбови на играта минатата сезона сега играат за клубови надвор од државата.

Leave a Reply