Рајско одморалиште на тајни агенти: Туристите со години го посетувале без да знаат (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Идиличното одморалиште на брегот на Црвеното Море во исто време била тајна база за агентите на Мосад, кои речиси пет години воделе една од најсмелите операции по Втората светска војна.

Loading...

Арус било идилично одморалиште на прекрасна плажа на брегот на Црвеното Море. Сепак, тоа била и тајна база за агентите на Мосад

Операција Црвено Море

Цели четири години, агентите на израелската служба воделе една од најсмелите тајни операции во 20 век, се со цел да ги спасат етиопските Евреи кои биле заробени во Судан.

 

 

Во текот на денот, тие го воделе прекрасното одморалиште и биле домаќини на туристи од целиот свет. Дури и суданската влада била среќна затоа што примиле богати гости од целиот свет. Никој не знаел дека одморалиштето „Црвено Море“ е целосно лажна компанија.

Loading...

Судан, како држава на арапскиот свет, била голем непријател на Израел во тоа време. Агентите на Мосад го искористиле одморалиштето како параван за евакуација на неколку илјади Евреи заробени во бегалските кампови на Судан ноќе.

Етиопски Евреи

Етиопските Евреи припаѓаат на заедницата Бета Израел, која е призната како едно од 10-те изгубени племиња.

Во Судан, како муслиманска земја, тие морале да ја сокријат својата вера за да не паднат во рацете на тајната полиција. Бил направен план за евакуација преку Црвеното Море, а Арус се наметнало како идеално решение.

Евакуација

Еден од агентите, со помош на неколку етиопски Евреи, излегол ноќе и поминал неколку стотици километри до првиот логор каде што евакуирал групи од по 10-15 луѓе.

Следувало возење назад, избегнувајќи ја суданската полиција и криејќи се во пустината. Околу ден и половина подоцна, тие ќе пристигнеле во одморалиштето, а израелски брод што превезувал бегалци во Израел чекал на брегот.

По две и пол години, тие се откажале од транспортот по море. Пронашле место во пустината бездна каде што слетал авион на израелската армија.

Loading...

 

 

Операцијата траела 5 години, а до крајот на осумдесеттите години евакуирани биле вкупно повеќе од 18.000 етиопски Евреи.

По оваа неверојатна акција, снимен е филмот „Red sea diving resort“.

 

Leave a Reply