Рајан: Спремен сум да разгледам дополнителни санкции за Русија

Сподели со своите пријатели

Претседателот на Претставничкиот дом на Конгресот на САД, Пол Рајан, изјавил дека е подготвен да разгледа дополнителни санкции против Русија и повторно побара поддршка за заклучоците на американската разузнавачка заедница дека Русија се мешала во изборите во 2016. година.

Во изјавата за новинари, ден откако американскиот претседател Доналд Трамп се сретна со рускиот колега Владимир Путин, Рајан рекол дека, ако конгресниот комитет смета дека се поребни нови санкции против РУсија, би бил „повеќе од среќен за таквите санкции да ги разгледа“, пренесува Ројтерс.

– Русија е заканувачка влада која не ги споделува нашите интереси и нашите вредности, рекол Рајан.

Leave a Reply