Раја што „се смее“ стана хит на интернетот, експертите згрозени: „Таа не се смее, се гуши“! (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Видеото во кое маж скокотка раја и таа „се смее“, стана вирално на ТикТок.

Loading...

Сепак, експертите предупредуваат дека рајата всушност се гуши, пренесува Independent.

Пред две недели, видеото беше објавено на социјалната мрежа ТикТок, во кое маж со ракавица на раката држи раја на брод и ја скокотка на стомакот.

Рајата на ова одговара со стискање на крилјата, а устата изгледаат како човечки додека се смеат.

Во меѓувреме, видеото собра над 100 милиони прегледи, а експертите предупредуваат дека реакцијата на рајата сугерира дека таа всушност се гуши до смрт.

– Рајата очигледно се гуши. Како и сите риби, и раите можат да почувствуваат болка – изјави Бен Вилијамсон, раководител на непрофитната организација Светска заштита на животните.

Некои корисници на социјалните мрежи истакнаа дека станува збор за антропоморфизација, односно припишување на човечките карактеристики на животните.

Двете точки на стомакот на рајата не се очите, туку ноздрите, а кај раите на стомакот се и жабрите со кои дишат под вода.

Loading...

„Како и сите други диви животни, и раит етреба да се остават сами и да им се дозволи да го живеат својот живот без човечка интервенција и штетни хобија, како што е спортски риболов“, рече Вилијамсон.

 

Leave a Reply