РАЦИЈА ВО СЛУПЧАНЕ: Октирени девет девојки во објект кој работел нелегално

Сподели со своите пријатели

На 11.03.2018 година во 00.25 часот од страна на Секторот за внатрешни работи Куманово во координација со крим полиција при Министерство за внатрешни работи, Државен пазарен инспекторат и Управата за јавни приходи, извршена е акциска контрола во угостителски објект во село Слупчане.

Контролата е извршена по претходно изготвен план поради сомнение дека во објектот престојуваат странски државјани кои работат во локалот и дека во истиот се вршат незаконски дејствија.

Во угостителски објект затекнати се девет женски лица, од кои три од Република Македонија и шест девојки од Албанија и Косово, кои се лишени од слобода. Известен е Јавен обвинител.

Државен пазарен инспекторат констатирал дека наведениот објект работел без дозвола за работа, а Управата за јавни приходи дека во локалот не се издаваат фискални сметки, при што се пронајдени 33.950 денари, 90 евра и 100 српски динари.

Leave a Reply