Рачна граната пронајдена во село Драгоманце

Сподели со своите пријатели

Рачна граната вчера била пронајдена во атарот на селото Драгоменце во Општина Старо Нагоричане.

Loading...

– На 01.12.2020 во 13.20 часот било пријавено дека во с.Драгоманце, општина Старо Нагоричане, при ископ, била пронајдена стара неексплодирана рачна граната, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Куманово, а од екипа на Дирекцијата за заштита и спасување гранатата била безбедно подигната за понатамошна постапка.

Никола Ивановски

Leave a Reply