Работници од Куманово тешко повредени додека поставувале електрична инсталација

Сподели со своите пријатели

На 27.12.2017 година околу 16,55 часот од медицинско лице од Комплекс клиники "Мајка Тереза" пријавено е дека кај нив се донесени повредени лицата А.С.(30) и Д.Ј.(52) двајцата од село Добршане, кумановско кои биле ангажирани преку фирмата „Електро“-Куманово, за поставување електрична инсталација во хангар на фирмата „БИК ДАТА-Процесинг“ лоцирана на улица „Перо Наков“, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Лицата се здобиле со повреди при пад од висина, при што А.С. се здобил со тешки телесни повреди (фрактура на трет лумбален пршлен), додека Д.Ј. се здобил со тешки телесни повреди (фрактура на пета). За настанот запознат е трудов инспектор.