Работници од Босна сами ја спасија фабриката од пропаст (видео)

Сподели со своите пријатели

Работниците од фабриката за детерџенти ”ДИТА” од БиХ, откако пред три години стартуваа со повторно производство, деновиве наидоа на голема поддршка од народот во некогашната република во рамките на СФРЈ.

Loading...

Покренати беа бројни акции за купување на производите на ДИТА во трговските центир, а граѓаните се вмрежија на социјалните мрежи, кои примомогнаа акцијата да добие поголемо значење и вон границите на БиХ, пренесува Радио Слободна Европа на босански јазик.

За потсетување, од март ова година, фабриката замина во стечај, а вкупните долгови на ДИТА се проценуваат на блиску 30 милиони конвертибилни марки.

Во фабриката со години никој освен вработените од агенцијата, немало други вработени, а објектот поради прокиснат кров и поплави се претворил во рушевини.

Работниците на овој начин сами ја спасија фабриката од тотален колапс, со тоа што од јуни започнаа со чистење на фабричките хали.

Откако во ДИТА добија струја и вода, беа вклучени и машините за производство.

Од средина на јули, потрошувачите ќе бидат во можност да ги купуваат производите кои во времето на поранешна СФРЈ беа доста популарни низ целата држава.

 

Loading...

Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.