Работилница на тема „Женско претприемништво преку социјални медиуми“ во Куманово

Сподели со своите пријатели

Дводневна работилница на тема Женско претприемништво со фокус на социјалните медиуми денеска започна да се реализира во Куманово, во организација на Центарот за развој на Североисточниот плански регион.

Проектот е во рамките на руралната акција финансирана од УНДП, а на работилницата учествуваа жените од општините на Северостичниот плански регион, кои ќе ги разработуваат механизмите за социјални медиуми заедно со експертот Бојан Кордалов.

– На наша огромна чест и задоволство денеска со нас го имаме Бојан Кордалов кој воедно е експерт на социјалните медиуми со цел да се подобри и да се унапреди женското претприемништво. Овие два дена се надеваме дека ќе бидат продуктивни, а воедно и ќе бидат импакт за она што ќе се случува од јануар месец во активностите на Регионалната рурална платформа, изјави Маја Станојковска, Центар за развоја на СИПР.

Според експертот за социјални медиуми, Бојан Кордалов, овој тип на медиуми се тема која ги интересира сите, пред се за да се справиме со предизвиците кои ги носат истите, а пред се главен акцент да се стави на придобивките или предностите кои што ги нудат.

– Жените претприемачи се голем таргет затоа што социјалните медиуми се повеќе од потреба денеска, нешто што сите во своето работење го користиме и без кое не можеме да дојдеме до посакуваната публика, односно потрошувачи и целни групи. Во рамките на оваа обука ќе разгледуваме успешни начини како да изградиме вистинска стратегија за настап на социјалните медиуми, ќе работиме на тема која се нарекува како да направиме вистински добри стории кои што ќе стигнат до што е можно поголема публика и да разбиеме многу стереотипи кои постојат на тема социјални медиуми, вели Кордалов.

Според Кордалов, двонасочната, директна и непосредна комуникација која што ја нудат социјалните медиуми се можност за создавање поглобално општество и поврзување во денешницата.