Работилница на тема „Концептот на недискриминација” утре во СОУ „Перо Наков“

Сподели со своите пријатели

Во организација на Фондацијата Елена Лука утре со почеток во 13 часот во просториите на Средното општинско училиште „Перо Наков“ ќе се одржи работилница на тема „Концептот на недискриминацијата“.

На работилницата свое учество ќе земаат учениците на оваа училиште кои ќе дебатираат и разговараат со стручни лица од оваа област, а таа ќе биде можност учениците да се запознаат со поимот дискриминација, основи и форми на дискриминацијата, стереотипи, предрасуди, последици и надлежни институции кои работат на полето на спречување на дискриминацијата. Крајната цел на обуките е младите во своите средини да делуваат во насока на намалување и спречување на дискриминацијата.

Во рамки на овие активности ќе се спроведат 24 обуки со околу 480 млади луѓе на следните теми: родот и родовата рамноправност, спречување на дискриминацијата и превенција на родово базираното насилство. Со вакви активности ќе се сретнат и  ученици во средните училишта и студенти, а обуките ќе се спроведуваат во следните градови: Скопје, Велес, Штип, Струмица, Битола, Тетово, Пехчево, Куманово.