Работи што можеме да ги научиме од најсреќните луѓе во светот – СКАНДИНАВЦИТЕ

Сподели со своите пријатели

Бидејќи скандинавските земји се рангираат на врвот на листата на најсреќни нации во светот од година во година, не е ни чудо што многу луѓе се прашуваат зошто е тоа така.

Loading...

Секојдневните навики влијаат на квалитетот на нашиот живот. Се верува дека најдобрите „тајни“ на најсреќните луѓе можат да се реплицираат насекаде во светот.

Др. Себастијан Квернеланд, норвешки хиропрактичар, во текот на својата кариера го имплементирал скандинавскиот начин на живот во својата пракса и користи таков пристап со своите пациенти.

 

 

Во својата долгогодишна работа често гледа одлични резултати во примената на некои скандинавски животни навики.

Квернеланд има докторат по хиропрактика од Универзитетот во Јужна Калифорнија за здравствени науки и е во процес на добивање сертификат од Институтот за функционална медицина.

Loading...

Ова се четирите скандинавски промени во животниот стил кои тој ги препорачува и можете да започнете веднаш.

Излезете надвор

Норвежаните уште од мали нозе се учат на важноста на природата и престојот на свеж воздух. Тие го нарекуваат “friluftsliv” (може да се преведе како нешто како начин на живот на свеж воздух).

Тие ја истражуваат природата околу себе преку прошетки по прекрасни плажи или пешачење. Тоа е начин да се поврзете со околината, да вдишете свеж воздух и да ги продлабочите односите со пријателите и семејството.

 

 

Нема лошо време, само лоша облека

Loading...

Вообичаен термин што го користат Скандинавците е: Нема лошо време, само лоша облека. Тоа значи дека какви било временски услови не треба да нѐ спречуваат да излеземе.

Единствената предвидливост на скандинавското време е тоа што не е предвидливо и да не држеле таков став, никогаш немало да излезат.

Рамнотежа помеѓу работата и животот

Скандинавците се експерти во концептот „работете за да живеете, а не живејте за да работите“.

Секако, тоа значи помалку часови поминати на работа и повеќе одмор, но значи и почитување на времето за одмор. Кога го земаат слободното време, тоа е нешто што го сфаќаат сериозно.

Како основач на компанија во САД, Квернеланд разбира дека тоа е многу тешко, но сепак има имплементирано таков пристап за себе и за својот тим. Тој верува дека секој може да си постави подобри граници без разлика каде се наоѓа.

Чекорите може да бидат мали, како поставување на време за проверка на е-поштата, а може да бидат и малку поголеми, како избор на работа според балансот на одговорностите и приватниот живот што сакаме да го водиме.

 

Loading...

 

Најдете радост во малите нешта во животот

Данците имаат „hygge“, а Норвежаните „кос“. Концептот не е баш ист, но заедничкиот именител е што сите се фокусираат на мали моменти кои имаат голема вредност.

Без разлика дали го користат времето за вистински да уживаат во кафето што го правиме наутро, да слушаат добра музика на свеќи или да ги исклучат сите апарати и да се релаксираат под ќебе.

Идејата зад неа е дека животот е полн со мали моменти кои можат да донесат задоволство секој ден. Дозволете си да бидете присутни и да уживате во сонцето.

Loading...

Излезете од дома, ценете ги сите видови временски услови, погрижете се да го подобрите балансот помеѓу работата и животот и одвојте време да уживате во малите нешта во животот.

Функционира за Скандинавците, зошто да не и за сите други?