Работи кои никако не смеете да ги перете во машина за алишта, инаку ќе останете без нив

Сподели со своите пријатели

Колку и да ви е полесно, некои работи не би требало да ги ставате во машината за алишта затоа што од неа нема да излезат во формата во која претходно сте ги ставиле.

Loading...

Осум грешки кои сите ги правиме при перење алишта во машина

Патики

Не смеат сите патики да се перат во машината за алишта, а тие кои можат да се перат на температура не повисока од 40 степени, секако, во заштитна вреќа.

Пред да ги ставите во машината првин би требало да ги исперете со сапун и вода за да ги остраните дамките од земја, блато и слично.

Ако вашата машина ја има таа можност, исклучете ја центрифугата кога ќе ги перете патиките.

Креирана долна облека која може да се носи со недели без перење

Опрема за тренинг

Loading...

Облека за вежбање, како и друга опрема која ја користите, како ракавиците, потребно е да се перат во заштитни вреќички за да тие предмети кои впивале пот, а неретко имаат и непријатен мирис, се издвојат од останатите алишта. Облеката за вежбање исто така најдобро е да ја сушите на воздух.

Градиници и фина долна облека

Градниците е најдобро да ги перете реачно, ако веќе ги ставате во машината, задолжително нека бидат во заштитна вреќичка, бидејќи со тоа спречуваме жиците од градникот да се заглават во машината, кукичката за време на перењето да заглави за некој друг дел од облеката, но и градникот да не се распадне пребргу.

Сигурно не сте знаеле зошто служи оваа вратичка на машината за перење, но ќе се воодушевите!

Пред да го ставите во заштитна вреќичка зацврстете ги куките од градникот. За перењето на градниците и другата долна облека, задолжително користете прашок за чувствително перење.

Маици со апликации

Кога перете маици со апликации или некои додатоци на истите, како што се циркони, постои опасност некои од нив да испаднат и да се заглават во машината или да оштетат некој друг предмет. Затоа маиците со апликации секогаш треба да ги перете во внатрешната страна и во заштитни вреќички.

Доколку некое каменче и испадне ќе остане во вреќичката, па полесно ќе го пронајдете и ако е можно ќе го ставите повторно на маицата.

Loading...

Дамки од кафето ви ја уништиле омилената облека? Еве како да се спасите!

Ваквите парчиња облека исто така перете ги со слаба центрифуга и на температура до 30 до 40 степени.

Плишани играчки

Пред плишаните играчки да ги ставите во машина за перење провереде дали тоа можете да го сторите. Ако можете, секогаш перете на ниска температура и со слаба центрифуга. Плишаните играчки можат да имаат на себе делови од кожа кои не се перат во машина за алишта.

Leave a Reply