Работи кои до пред 10 години во Дубаи биле незамисливи сега се реалност

Сподели со своите пријатели

Туристичките заедници во Дубаи ќе бидат воодушевени од вестите дека градот ќе ги ублажи правилата и странските посетители ќе добијат дозвола за консумација на алкохол.

Loading...

Според новиот закон, немуслиманските посетители можат да поднесат барање за месечна дозвола која им овозможува да купуваат алкохол во одредени продажни места, со почитување на кодексот на однесување.

Дубаи добива уште една меганаселба и облакодер (ВИДЕО)

Темпото на промените е една од ретките константи во емиратскиот град кој забрзано се развива. Покрај напредокот во инфраструктурата, во економијата, видливи се и промени во културата и обичаие.

Секако, заливската регија и натаму драстично е конзервативна, а посетителите од запад често се соочуваат со ограничувања кои ги немаат дома. Меѓутоа, во изминатата деценија се случиле бројни промени кои го олеснуваат животот на туристите.

Image by Jan Vašek from Pixabay

Право на сопствена компанија

Loading...

Обединетите Арапски Емирати го укинаа законот со кој сите претпријатија беа во доминантна сопственост на нивните државјани, што овозможило целосна странска сопственост над компаниите.

Ограничувањата остануваат на сила во индустриите како што е истражување на нафтата и безбедноста, но секторот транспорт, угостителство и истражување на вселената се на располагање на доселениците.

Работи поради кои во Дубаи можете да заглавите во затвор

Долгорочно право на престој

ОАЕ на странците не им нуди постојан престој, а некои од странските работници и студенти се фрустрирани од системот на краткорочни визи кои не дозволуваат сигурност и планирање однапред.

Владата сега одговорила и со воведување петгодишна и десетгодишна виза за кои можат да се пријават инвеститори, претприемачи, лекари, експерти за уметност и култура и студенти со висок просек, како и нивните семејства.

Секако, милиони странски работници кои не ги исполнуваат овие критериуми нема да бидат прифатени.

Loading...
Image by Free-Photos from Pixabay

Државна помош за финансирање стартапи

Како дел од стратегијата Дубаи да стане лидерски глобален играч во бизнисот и технологија, Емиратите основале неколку програми за поддршка на претприемачите во развој на иновативните бизнис идеи.

Финансиските програми се претежно фокусирани на компаниите во сопственост на Емиратите, но во последните години се повеќе се отворени за странските државјани.

Дубаи ќе биде домот на на највисокиот хотел во светот (фото)

Под земја и на вода

Некогаш се сметало дека е невозможно да се движите во Дубаи без автомобил, но тоа се менува. Метрото е отворено во 2009 година, а јавниот превоз се проширил и на водените патишта со појавата на водно такси и автобуси.

Дубаи со уште два вештачки острови до крајот на 2020 година (видео)

Loading...

Куќи со обновлива енергија

За регијата која е осончана цела година, Дубаи релативно споро ја прифати можноста за соларна енергија. Меѓутоа, изгубеното време е надокнадено со плановите за финансирање на соларните панели на 10 отсто од куќите, како и изградба на првите соларни апартмани на пазарот.

Image by Julian Andres Henao from Pixabay

Врвни медицински третмани

Медицинскиот туризам е растечки бизнис во Дубаи кој во градот привлекува 500.000 здравствени туристи на годишно ниво. Градот станува познат по напредни методи на лекување, вклучително простетика и 3Д печатачи.

Loading...

13 неверојатни работи кои се возможни само во Дубаи (фото)

Виртуелни возбудувања

Дубаи се наоѓа на првата линија инвоации на виртуелна реалност и нуди широк спектар на визуелни возбуедувања. Посетителите можат да уживаат во симулациско скокање со падобран или нуркање, но и да пилотираат со виртуелен авион и да глумат во холивудските хитови.

Златни автомобили, тигри и лавови како миленичиња – реалноста на Дубаи (фото)

Одење по вода

Loading...

Островот Палма е изграден во 2006 година и од тогаш е продолжен процесот на изградба на вештачките острови. Напредокот кратко е прекинат поради глобалната динансиска криза, но новите острови целосно се појавуваат од водата.

Image by Martinschuschi from Pixabay

Дубаи пред да стане Дубаи

Поради вртоглавата брзина на промените може да се причини дека градот се појавил преку ноќ, но тој има историја на која Владата сите сака да им ја претстави. Заживеаниот историски кварт пружа увид ви претходниот изглед на Дубаи, како скромно рибарско пристаниште.

Loading...

Емиратите го испраќаат првиот астронаут во вселената

Обиколка на градот со велосипед

Дубаи не се смета за град познат по велосипеди, но по изградбата на патиша забранети за автомоили, станало полесно да се истражува пустината на две тркала.

Image by David Mark from Pixabay

Leave a Reply