Работата од соништата се наоѓа на еден грчки остров: Услов е да ги сакате мачките (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Прифатилиштето „God’s Little People Cat Rescue“ бара лице кое ќе чува 55 мачки на прекрасниот грчки остров Сирос. Трошоците за живот се платени, а среќникот кој ќе добие работа ќе има и плата.

Доколку ги сакате мачките, ова може да биде работа од соништата.

 

Loading...

 

Имено, прифатилиштетот „God’s Little People Cat Rescue“ бара лице кое ќе им помага во чувањето на дури 55 мачки. работата се нуди на грчкиот остров Сирос, а покрај дружење и мазење со крзнените животни, вработнеиот ќе има платен престој, приватна градина, а ќе прима и плата.

Парот кој досега го водел овој резерват и се грижел за мачките решил да продолжи понатаму и работата да ја понуди на некој друг, пишува Дејли мејл.

 

 

Од работникот се бара да се грижи за мачките, да ги чува, храни, да чисти зад нив и да им дава лекови.

Работното место носи бесплатен престој во куќата со сите платени трошоци и плата од 408 долари месечно.

 

Loading...

 

Џоан Бовел од Данска и нејзиниот сопруг се преселиле на островот од здравствени причини, а прифатилиштето го воделе од 2010. година. Сега решиле да пробаат нешто друго.

Огласот е објавен на фејсбук страницата на „God’s Little People Cat Rescue“.

 

 

– Од искуство, работата е најпогодна за они кои имаат на 45 години, кои се одговорни, искрено и со срце од злато. Покрај хранењето, на мачките им е потребна љубов и внимание – се наведува во огласот.

Конкурост е отворен до крајот на август, а новиот работник ќе преземе грижа за мачките до 1. ноември годинава.

Leave a Reply