Работа од соништата: Плата од 2.000 евра, а треба само да ги сакате папагалите

Сподели со своите пријатели

Дојдете на Костарика и станете единство со природата. Така некако гласи описот на работата која ја нуди компанијата „Holiday Pirates“ и организацијата World Parrot Trust; кои за тоа се подготвени да платат 2.000 евра месечно.

Тие бараат орнтофил, т.е. љубител на птици кој би се посветил на заштита на тропските птици. Во описот на работата стои дека обврска на враотенит е да ги храни папагалите наутро, потоа да може да сурфа до ручек, во текот на попладнето би требало да ги набљудува птиците кои ги населуваат тропските дождовни шуми и потоа да го набљудува заоѓањето на сонцето на плажа.

Најдобите кандидати во август како дел од проектот АРА, кој промовира заштита на тропските папагали, ќе поминат месец дена на островот Пунта Ислита, пацифички тропски рај на костариканскиот полустров Никоја.

Тој или таа ќе работат со конзерваторите четири недели, ќе се грижат за АРА, ќе водат блог на сајтот на проектот и ќе поставуваат видо снимки од птиците во нивното природно живеалиште.

 

Loading...