Путин започнува монументален проект – мост долг 580 километри

Сподели со своите пријатели

Претседателот на Русија издал директива до владата да направи план за изградба на мост кој ќе го поврзе островот Сахалин на далечниот исток од земјата и руското копно.

Прашањето околу изградбата на овој мост со децении е предмет на различни дискусии, а исто толку е и сон на луѓето кои живеат на островот.

Меѓутоа, претседателот Владимир Путин, на средбата со гувернерот од Сахалин Олег Кожемјак, му пренел дека наредил на Владата на Русија да се позанимава со условите и изводливоста на градењето на мостот, наведува РТ.

 

Loading...

 

Путин истакнал дека тоа многу ќе го олесни животот на населението.

– Можете да дојдете и да заминете од таму во било кое време од годината, по било какво време, истакнал претседателот.

Сахалин е единствениот регион во Русија кој физични не е поврзан со главното копно, затоа што со Крим тоа е направено кога во мај беше завршен мостот.

Најдолгиот мост во светот ги спои Крим и Русија (фото+видео)

Изградбата на мостот кон Сахалин ќе биде многу покомплициран и поскап проект, затоа што со железничката инфраструктура ќе има дури 580 километри.

Проектот треба да предвиди изградба на три главни и уште десетина дополнителни краци и би чинел повеќе од милијарда долари.

 

 

Бројот на населението на островот во изминатите 25 години паднал за 30 отсто, на само 500.000, токму поради одалеченоста и неповрзаноста со рускиот континентален дел.

Претходно Русија имаше уште поамбициозен предлог – изградба на мост кој би го поврзал северот на јапонските острови Хокаидо и југот на рускиот остров Сахалин.

Најдолниот мост во светот моментално е оној кој поврзува две кинески административни регии – Хонгконг и Макао со Чухаи.

ВО однос на мостот кој Русија планира да го изгради е „минијатурен“ со само 55 километри.

Leave a Reply